Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека многу го цени премиерот на Словачка – Роберт Фицо. Тој во гостување на државната РТС го коментираше обидот за атентат врз словачкиот премиер.
– Во модерно време е незамисливо вакво нешто да се случи, но ова јасно говори за поделеноста на медиумите и општеството кое создаде таква атмосфера. Тој е голем пријател на Србија, искрен пријател на Србија и не можете да извршите притисок врз него да направи нешто против Србија. Секогаш ќе биде со својата Словачка и Србија. Ние сме лични и долгогодишни пријатели и кога е и кога не е во опозиција. Тоа искрено ме потресе – изјави Вучиќ.
Тој објасни дека Фицо е „тврд човек“.
– Сосема е сигурно дека ќе го посетам, прашање е само кога. Договорот на мене и на Виктор (Орбан) е да го посетиме. Верувам во неговата ментална сила. Имаа проблем да го запрат крварењето. Верувам дека кога човек е психички силен може да ги надмине и физичките повреди – изјави Вучиќ.