Вучиќ: Тежок и смислен разговор со Лајчак, ќе ги продолжиме разговорите за Косово и Метохија

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Средбата се одржа во зградата на Претседателството, а претседателот објави порака на Инстаграм.

„Тежок и смислен разговор со Мирослав Лајчак. Ќе ги продолжиме разговорите за Косово и Метохија и европската иднина на Србија вечерва и утре. Да живее Србија!“ напиша Вучиќ.

Лајчак дојде во Белград по минатонеделната посета на Приштина, како дел од подготовките за претстојната средба на српскиот и косовскиот лидер во Охрид на 18 март.

Тој денеска и утре ќе биде во Белград.

Поврзани новости