Претседателот на Србија се сретна со Александар Гинзбург, директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ и Андреј Каприна, генерален директор на Националниот медицински истражувачки центар за радиологија.
По овој повод, Вучиќ објави на Инстаграм дека Србија е заинтересирана за револуционерни вакцини против онколошки заболувања.
„Одлична средба со Александар Гинзбург и Андреј Каприна, кои ме запознаа подетално со развојот на револуционерна вакцина против онколошки заболувања. Србија е заинтересирана за овој најнапреден вид терапија и потенцијалната соработка во оваа област со нашите руски партнери е огромен чекор кон подигнување на стандардите за дијагностика и лекување во нашата земја“, рече Вучиќ.
View this post on Instagram
„За нас, инвестирањето во брз и сигурен пристап до најсовремени решенија во областа на онкологијата е еден од приоритетите, и затоа ја изразив целосната подготвеност на нашата земја за континуирана соработка што може да придонесе за развој и евентуално производство и примена на оваа вакцина во нашата земја, почитувајќи ги највисоките светски стандарди во однос на безбедноста и етиката. Здравјето на нашите граѓани е наш прв приоритет, а пред сè навремено препознавање на болестите и соодветна медицинска нега. Затоа сум благодарен на нашите руски пријатели, кои го споделија со нас ова откритие од најголемо значење за зачувување на животите на најтешко болните пациенти“ рече Вучиќ.