Вучиќ со „македонско сценарио” ги плаши Србите

by fokus 21:51
21:51

-Нема да дозволам македонско сценарио во Србија – порача српскиот премиер Александар Вучиќ на еден од последни митинзи во трката за претседател на државата.

Последниот пропаганден спот на Вучиќ почнува и завршува со слики од протестите на Заедничка Македонија и акција на македонската полиција. Српскиот премиер во својата кампања често ја користи Македонија како пример и заплашување на српскиот народ.

- Advertisements -

-Тие сакаат да предизвикаат македонско сценарио во Србија. Ветувам дека ќе се борам против оние што сакаат македонско сценарио во Србија. Ќе се борам до последен здив, со сета сила да го зачуваме мирот и стабилноста. Тоа е мојот завет кон вас, тоа е мојот завет кон Србија- рече Вучиќ.

Вучиќ со остра реторика и за меѓународната заедница, порача,  нема да дозволи  странски сили да се мешаат во внатрешните работи на Србија и да влијаат кој да дојде на власт.

Поврзани новости