Вучиќ предлага намалување на лимитот за кривична одговорност од 14 на 12 години

by fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ при денешното обраќање до јавноста предложи воведување нови мерки по денешниот масакр во основното училиште во Белград.

-Воведување мораториум за издавање, поседување и носење оружје во следните две години. Направете ревизија на сите издадени дозволи за поседување оружје, рече Вучиќ.

Тој најави дека ќе се врши контрола на сите стрелишта. Рече дека денеска државните органи имале проблем да наредат претрес на станот, бидејќи малолетник не може лично да одговара.

-Поради тоа што денес зрелоста доаѓа порано, а и физичката сила, а можно е и децата да прават криминални дејствија, мојот предлог е да се намали лимитот за кривична одговорност од 14 на 12 години, рече Вучиќ, додавајќи дека постоела можност денешниот извршител да знаел дека не може кривично-правно да одговара.

Вучиќ рече дека во средните училишта треба да се воведат задолжителни шестмесечни тестови за дрога.

-Тоа се мои предлози, не мора да ги прифатите. Вие сте тие кои ја носат конечната одлука, изјави Вучиќ.

 

Поврзани новости