409
Знам дека рокот на траење ми е ограничен и најверојатно ова ми е последниот мандат, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, во синоќешното интервју за српската телевизија ТВ Пинк.
– Не сум уплашен и воопшто не се грижам поради тоа. Не реков дека ова ми е последен мандат поради нив, поради Твитер или американската телевизија Н1. Ова е мој избор. Инаку тие не би ме победиле до 2040 година, изјави Вучиќ на синоќешното гостување на ТВ Пинк, на кое беа присутни и новинар од „Политика“ и директорката на „Танјуг“.
Тој истакна дека постојат сериозни аргументи за предвремени избори и оти таа опција ќе биде разгледана.