Владата ќе го отповика почесниот конзул на Македонија во Шпанија обвинет за убиство на своите деца

by Fokus

Министерството за надворешни работи денеска на седница на Владата ќе достави предлог за затворање на Почесниот конзулат на Република Македонија во Кралството Шпанија, со седиште во Барселона и предлог за отповикување на почесниот конзул на Република Македонија во Кралството Шпанија, со седиште во Барселона, соопшти владината прес служба.

Оваа функција ја извршува Марио Деус, а јавноста за него дозна во април годинава, кога во шпанските и во други странски медиуми се појави информација дека тој е уапсен во Јужна Африка, осомничен за убиство на неговите две деца, тригодишни близнаци.

Поврзани новости