Освен разликите за Косово, немаме друго отворено билатерално прашање со Македонија, рече српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната средба со македонскиот колега Стево Пендаровски во Белград.
-Среќни сме со македонското малцинство во Србија и што заеднички ги сакаме Македонија и Србија, а уверен сум дека и 36.000 Срби во Македонија подеднакво ги сакаат Србија и Македонија – рече Вучиќ, посочувајќи дека ќе се изградат македонски и српски културни центри во Скопје и Белград и ќе се потегнат иницијативи за учење на македонскиот и српскиот јазик.
Тој посочи дека горд е како иницијативата наречена „мал шенген“ меѓу Србија, Албанија и Македонија, истакнувајќи дека тоа претставува иднина на регионот.
-Ова е патемен избор за останување и опстанок на нашите огништа и верувам дека тоа што го почнавме во Нови Сад ќе го продолжиме во Драч. Многу е битно, не да предложиме алтернатива, туку да го изработиме тоа што го можеме сами. Сигурен сум дека ќе имаме подобри односи меѓу нашите народи и земји – рече Вучиќ.
Тој му се заблагодари на Пендаровски за подобрување на односите меѓу Белград и Скопје.
-Ние немаме никакви барања од Македонците, еднствено што бараме е добро да соработуваме и убаво да живееме едни покрај други. Прифатете ја нашата рака или ние вашата – порача српскиот претседател.