Апелација одлучувала за Јанева во две различни постапки

by fokus

Судиите од скопска Апелација одлучувале два пати за мерките на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, но според информациите кои можат да се добијат од Апелација, судиите донеле решение во две различни постапки.

Претседателката на скопска Апелација, Лидија Димчевска за Фокус, вели дека не е детално запозната со овие одлуки, но од она што и го пренеле колегите вели дека првиот пат се одлучувало по жалбата на одбраната на Јанева, во која бараат поранешната обвинителка да биде пуштена на слобода со гаранција. Јанева нудеше три стана,о кои два беа на нејзините деца, во вкупна  вредност од 160.00 евра  Ова барање било одбиено,бидејќи гаранцијата била многу мала, но потоа имало друг предлог притворот на Јанева да ѝ биде заманет со куќен притвор поради влошената здравствена состојба. Оваа жалба на решението на првостепениот суд била прифатена и на Јанева и бил определен домашен притвор.

Судијата Зоран Димитриевски, кој е дел од кривичниот совет кој постапувал во двете постапки во разговор за Фокус објаснува дека станува збор за две сосема различни постапки, предмети и барања.

-Првото барање е барање за гарнција, а второто барање е барање за укинување на притвор, доставени во рок од пет дена. Во рок од два дена ние можеме да одлучуваме три, четири пат, тоа зависи од тоа колку барања се поднесени. Гаранцијата од Апелацискиот суд беше одбиена затоа што оценивме дека не е доволна мерка за обезбедување присуство на обвинетата и на тој начин не се елиминира опасноста од бегство. Најстрогите мерки се притвор, куќен притвор, а гаранцијата е најлесна мерка. Со евентуална гаранција обвинетата ќе излезеше на слобода со било какви други дополнителни мерки. Висината којашто беше поднесена беше помалку повеќе околу 200 000 евра во недвижност, која гласеше во име на трети лица. Сметавме дека не е доволно обезбедување за да ја пуштиме на слобода. По неколку дена стигна ново барање, кога и беше продолжен притворот, односно стигна жалба со која се бараше да се укине притворот или да се определи поблага мерка, куќен притвор. Мерката куќен притвор е најстрога после притворот, а гаранцијата е најблага од првиот сет мерки. Не станува збор за две различни решенија, уште помалку за две противречни решенија туку за постапување по две сосема различни барања со различен предмет содржан во тие барања, објаснува Димитриевски.

И адвокатот на Јанева, Дељо Кадиев  во изјава за „Фокус“вели дека тоа се две различни постапки, но не знаеше да каже во кој временски интервал биле донесени двете одлуки.

Другата верзија за двете одлуки ја пренесе Дојче Веле и според она што го објавуваат Апелацискиот суд донел две различни решенија за барањето на Јанева за укинување на мерката притвор во рок од пет дена. Според нив, Советот на Апелацискиот суд во решение од 14-ти ноември ги уважил аргументите на првостепениот суд,кои се однесуваат на наводите на адвокатите за влошена здравствена состојба на Катица Јанева.Апелацискиот суд тогаш оценил дека првостепениот суд правилно одлучил дека тие наводи се неосновани, бидејќи врз основа на доставената медицинска документација, било утврдено дека обвинетата Јанева може здравствено да биде третирана во установата каде ја издржува мерката притвор. Притоа, доколку има потреба – таа дополнително ќе биде упатена и во здравствена установа, со што во ниеден момент не се повредува правото на нејзина здравствена заштита. Но, само пет дена подоцна, Советот на Апелацискиот суд  наводно го сменил ставот во однос на наводите за нејзината здравствена состојба и решил да ја пушти во домашен притвор.

Фросина Факова-Серафиновиќ

Поврзани новости