Вучиќ: Односите меѓу Белград и Скопје се најдобри во историјата

by Fokus

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски имаше средба во Белград со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Се согласија дека односите меѓу двете земји се најдобри во модерната историја.

Вучиќ рече дека во Србија и во Северна Македонија постои силна политичка волја за натамошно зајакнување на соработката и предложи конкретни чекори на полето на трговијата, туризмот, културата и спортот.

Ковачевски истакна дека нема повеќе отворени прашања меѓу Србија и Северна Македонија и дека партнерството меѓу двете земји е пример за регионот.

Тој рече и дека трите документи, кои се потпишани за време на неговата посета на Белград, ќе дадат дополнителен поттик за зајакнување на соработката.

Вучиќ додаде дека Србија е решена да промовира позитивна агенда ориентирана кон иднината во односите во регионот, што може да се види преку нејзината активна улога во иницијативата Отворен Балкан.

Поврзани новости