Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

by Fokus

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција против организираниот криминал и шверц.

Српскиот претседател Вучиќ пред новинарите го поздрави домаќинот на настанот, унгарскиот премиер Виктор Орбан, бидејќи, како што рече, тој секогаш имал доволно храброст да иницира важни регионални прашања.

-Денеска, разговаравме за сите важни и тешки прашања со кои се соочуваме. И енергијата и финансиската состојба… Сите сме под притисок. Сите знаеме колку тешко ќе биде да се надминат есента, зимата, а богами и пролетта. Мислам дека следната ќе биде уште полоша зимa, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека Србија значително ќе се усогласи со визната политика на ОН до крајот на годината. Како што вели, Србија е специфичен случај бидејќи има зголемување на пристигнувањето на бегалци, кои не доаѓаат само од Израел, Пакистан и други земји, туку и од Русија и Украина.

-Тоа не е мал товар за мала земја. Разговаравме за миграцијата и сакам да ги информирам сите дека Србија до крајот на годината ќе се усогласи со визната политика на Европската Унија. Србија нема да може да се користи како земја на пристигнување… Луѓето во Белград не знаат со колку проблеми се соочува нашата полиција, а сега решивме да им помогнеме на Австрија, Унгарија со заедничка работа, додаде Вучиќ.

Тој рече дека за неколку дена, на 7 октомври, во Белград ќе биде потпишан договор, а потоа ќе се состави акциски план.

-Тука сме да си помогнеме. Ќе има проблеми со храната, некои земји ќе бидат на работ на колапс и ќе мораме да си дадеме поддршка еден на друг. Луѓето не ја чувствуваат кризата како ние во државниот апарат. Ситуацијата е страшна. Ги трошиме сите пари, трошиме сè што направивме добро во претходните 10 години. Србија не сака да биде паркинг за мигрантите и затоа секогаш ќе го почитуваме меѓународното право и ќе ги разбираме проблемите на луѓето што се во тешка ситуација, но ќе ја зачуваме безбедноста, додаде тој.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не се задоволни од состојбата со мигрантите, но, како што истакна, и унгарските и српските граничари се борат да ја спречат илегалната миграција.

 

Поврзани новости