Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во обраќање пред српската јавност рече дека тој не го потпишал Договорот со Косово бидејќи Косово не е меѓународно призната земја, но дека е подготвен да работи на имплементација на точките од Договорот.
Објаснувајќи ги меѓународните права особено Виенската конвенција, рече дека неговите изјави се обврзувачки за Договорот и дека „Србија е подготвена да работи на имплементација на договореното до нејзините црвени линии, а тоа се дека нема да има признавање на Косово и членството во ОН“.
– Ние го прифаќаме концептот, ќе работиме на имплементацијата, и ние сме многу поподготвени од некој во Приштина, кој е подготвен да потпише, а е подготвен да потпише бидејќи тоа би резултирало со формално-правна обврска Србија да се согласи со независноста на Косово, рече Вучиќ.
Како што кажа, вчера во Охрид 12 пати е менуван текстот на Анексот за имплемантација на Договорот и дека е важно што во Договорот се споменува „во согласност на се што е договорено во процесот на дијалогот, а тоа се потпишаните договори за ЗСО.“
– Важно е да се почне сега, српскиот управувачки тим, како што е предвидено, ќе треба да го претстави својот предлог на највисоко ниво на дијалог, ќе видиме како тоа ќе се одвива, рече претседателот на Србија.