Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека не се меша во работата на медиумите во Србија и дека тие можат да пишуваат што сакаат. Оваа изјава следува откако новинарите побараа од него да даде коментар за текст објавен во српскиот весник „Одбрана“.
-Што сакате, да бидам цензор и да кажувам што не треба да се пишува. Јас не се вклучувам во пишувањето и работата на медиумите, одговори Вучиќ.
Српскиот премиер ја коментираше и изјавата на Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување, Јохан Хан кој рече дека слободата на медиумите е од критична важност и дека нема да се преговара во врска со тоа.
-Целосно се согласувам со изјавата на Хан дека слободата на медиумите е многу важно прашање, но исто така, сите извештаи за тоа треба да се засноваат на факти, рече Вучиќ.