Не се мешам во внатрешни работи на друга земја, изјави спрскиот претседател Александар Вучиќ, по денешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев меѓу двата гранични премини, по повод имплементацијата на проектот за интегрирано гранично управување.
-Не сакаме да се мешаме, но позитивно ќе реагираме ако нашите соседи ги решаваат проблемите. Ниту имам право некого да повикувам и да не повикувам, ја почитувам Македонија и тоа нема да го правам, но се што придонесува за регионалната стабилност ќе го поздравиме – рече Вучиќ.
Во однос на косовското прашање, пак, Заев изјави дека Македонија поддржува позитивно решение за Косово кое ќе ја унапреди благосостојбата на Србите и Албанците и ќе го гарантира мирот и безбедноста.
-Сите лидери во регионот да бидат обединети околу регионална соработка, мир траен и членство во ЕУ и НАТО – порача тој.
Патем, Вучиќ изјави дека определување на српскиот народ е да има најдобри односи меѓу Белград и Скопје.