Вучиќ: Не добивме вакцини од ЕУ, но не се чувствуваме „напуштени“

by Fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за „Euronews“ изјавил дека Србија ги примила сите вакцини од билатералните договори од „Фајзер“ од Америка, како и од Русија и Кина, но не и од Европската унија, додавајќи дека не се чувствува „напуштен“ поради тоа.

-Не критикувам никого, се надеваме дека ќе добиеме вакцини од ЕУ, но мора да се грижиме за себе, рече Вучиќ, пренесува Н1.

На прашањето дали се чувствува „напуштен“ од ЕУ, Вучиќ рече дека Србија не се чувствува „напуштена“ и дека не сака да го коментира тоа, затоа што се на европскиот пат и очекуваат многу од ЕУ, но сè уште треба да се грижат за себе.

-Вакциниравме повеќе од 550.000 луѓе, повеќе од 50.000 ја примија втората доза и очекувам дека еден милион луѓе ќе бидат вакцинирани со две дози до крајот на февруари, што е околу 15 проценти од населението. Би биле многу задоволни од тоа, рече Вучиќ.

На прашањето за вакцинацијата во ЕУ, Вучиќ рече дека ЕУ е голема моќ, дека сите се соочуваат со недостиг на вакцини, а се случува истото што се случи пред една година со респираторите, но се надева дека сè ќе биде подобро.

Вучиќ рече дека побарал повеќе вакцини за Србија од разни партнери во светот, поради што сега се подготвени да донираат некои вакцини на земјите во регионот, затоа што според него, му требаат да бидат заштитени како и Србија.

Поврзани новости