176
Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод собирите организирани од граѓаните против блокадите низ целата земја изјави дека најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ и затоа мора да се води дијалог.
„Најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ. И затоа мора да разговараме, да водиме дијалог. Обединети, можеме сè“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи, заедно со видео од граѓани на митинзи против блокадите.
Синоќа низ цела Србија се одржаа собири на граѓани кои се спротивставуваат на блокадите, од кои беше пренесена пораката дека блокадите го нарушуваат секојдневното функционирање и дека граѓаните сакаат нормален живот.