Во своето ново обраќање до нацијата во последните 24 часа, по синоќешните насилни немири пред националното собрание во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ во моментов изјавува дека сите луѓе во Србија ноќеска биле сведоци на најбруталното политичко насилство во последните неколку години.
Според него, на политички непријавениот протест, членови на десничарските, екстремистичките и профашистичките организации го нападнале собранието, а повеќе часа ја напаѓаа полицијата.
-Јасно е дека собирот беше ораганизиран, кажа Вучиќ, од криминалното подземје, но и од странскиот фактор.
Вучиќ ги повика сите луѓе во земјата да бидат одговорни и ги замоли да не излегуваат на вакви собири, не заради нешто друго, бидејќи не им се плашел, туку заради кризата од корона вирусот, која повторно има високи бројки на заразени и умрени.
Тој, исто така, најави дека по препораки на епидемилозите, сепак, ќе има заострување на мерките, посебно во Белград, но и призна дека можеби и нема да има полициски час, од петок до понедленик, како што вчера најави.