617
На прошталната вечер која Федерика Могерини ја организираше за лидерите на земјите од Западен Балкан, големо внимание предизвика неформалниот коментар на српскиот претседател Александар Вучиќ упатен кон косовскиот претседател Хашим Тачи. Кога Могерини се поздрави со Тачи, Вучиќ искоментира:
„Хашиме, Федерика најмногу сака со тебе да се бакнува. И нека не се прави дека не разбира српски, зборува како…“
Могерини во Брисел ги собра лидерите на земјите од Западен Балкан на проштална вечера.
Тие и изразија голема благодарност за посветеноста и напорната работа да ги приближи овие земји кон ЕУ и да рзвие меѓу нив дијалог, посебно меѓу Србија и Косово.