799
Потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ верува дека премиерот Никола Груевски ќе оди на предвремени парламентарни избори во Македонија.
Лидерот на Српската напредна странка (СНС) со евентуалните избори во Македонија ја правдаше одлуката на неговата партија да побара нова поддршка од српскиот народ, иако СНС во моментов е поголемиот партнер во владината коалиција со социјалистите на Ивица Дачиќ.
Вучиќ ја даде изјавата во последната епизода на емисијата „Впечаток на неделата“ на телевизија Б92.