425
Западот ќе сака да му ја тргне косовската карта од рацете на Путин, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
Додаде дека говорите на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џозеф Бајден покажуваат дека конфликтот во Украина дополнително ќе ескалира.
„И двајцата покажаа голема решителност, бескомпромисност, желба за победа“, рече српскиот претседател.
Вучиќ рече дека колку е покомплицирана ситуацијата во светот, толку е потешко и за Србија поради притисокот.
За два дена се навршува година откако Русија ја почна инвазијата на Украина.