Вучиќ ќе понуди „мал шенген“ на премиерите Заев и Рама

by fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача за формирање некој вид „мал шенген“ меѓу Србија, Македонија и Албанија, со цел отстранување на трговските бариери за слободен проток на стоки и услуги.

Вучиќ денеска и утре во Нови Сад ќе ја презентира својата идеја на премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама и Зоран Заев.

Според изјавите, идејата на Вучиќ, која практично ја турка од 2015 година, е овој трилинг земји да настапува слично како Вишеградската група.

„Силно ја покренавме идејата за укинување на царинските бариери. Во настапот кон ЕУ излегуваме како блок земји. Така ќе бидеме повеќе почитувани“, рече Вучиќ.

Поврзани новости