Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги помилува сите уапсени учесници на антивладините протести што се одржаа во саботата, освен оние што извршиле насилство, открил висок извор од кабинетот на Вучиќ за „Блиц“.
Според српскиот весник, помилувањето ќе се однесува на сите, освен на лицата што во зградата на Радио-телевизија Србија влегоа со моторна пила и им се закануваа на новинарите. Нема да бидат помилувани ниту лицата што нападнале полицајци пред претседателството на Србија.
„Танјуг“ објави дека Вучиќ побарал сите учесници на протестот што добиле прекршочни казни поради насилниот упад во РТС и во текот на протестот пред претседателството на Србија да бидат помилувани.
Вчера демонстрантите дадоа рок денеска до 15 часот, да се ослободат приведените.