Вучиќ ќе ги именува руските „миг“ авиони со имињата на српските војници убиени од НАТО

by fokus

Српскиот премиер Александар Вучиќ најави дека борбените авиони МиГ-29 кои Србија ги доби од Русија ќе бидат именувани според српски војници кои биле убиени во Косовската војна во 1999 година.

-Мој предлог, а се надевам дека Војската на Србија тоа ќе го прифати, е овие авиони да бидат именувани според јунаци од периодот на агресијата на НАТО, изјави премиерот Вучиќ.

Србија планира парада во ноември на која ќе летаат вкупно осум ловци МиГ – 29, а Вучиќ рече дека разликата во воената готовност сега и пред пет години е „небо и земја“.

Поврзани новости