Пандов: Поставуваат личен бодигард за директор на БЈБ, исто како Груевски да го ставеше Урко

by fokus

Откако во јавноста излезе информација дека во игра за директор на Бирото за јавна безбедност е и Сашо Тасевски, началник на Шестата управа, со реакција се јави и Александар Пандов.

-Поставувањето на личниот бодигард за директор на БЈБ, само во диктатура ваква вест може да е дел од “нормалното” живеење. Еве на кратко си дозволив да си замислам како ќе реагираше цела таа невладино-граџански структура, да ВМРО и Груевски го поставеа шефот на обезбедувањето на премиерот Урко, за директор на јавна безбедност. Исто како што тоа сега го направи СДС и Заев! Или ова е по ЕУ и НАТО стандарди?, напиша Пандов.

Тасевски, пак, за време на насилството во Собранието, на 27 април 2017 година, му беше обезбедување на министерот Оливер Спасовски. По Крвавиот четврток, Тасевски, беше поставен за началник на Одделот за обезбедување, или т.н. Шеста управа. Тој е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово.

Поврзани новости