613
Претседателот на Србија Александар Вучиќ во гостувањето во ТВ Пинк говореше за протестите во Србија на еколошките активисти.
„Не ми е јасно зошто протестираа пред влада, ако протестираат треба да протестираат пред претседателство, а јас ќе им се обратам и убаво ќе им кажам – вие ја уништувате државата, цената денес е 82.500 долари за тон литиум, со овие резерви тоа се 100 милијарди. Испаднав најглупавиот претседател на светот“ рече Вучиќ.