Вучиќ и Рама во Скопје

by fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама денеска и утре ќе престојуваат во Скопје, каде ќе се состанат со премиерот Македонија, Зоран Заев во рамките на иницијативата за соработка позната како „Мини Шенген“, јавува РТС.

За време на престојот во Скопје, Заев, Рама и Вучиќ ќе учествуваат на Економскиот форум за регионална соработка, организиран од Стопанските комори на Србија, Македонија и Албанија, на 29 јули.

Претседателот на Србија минатата недела објави дека името на иницијативата „Мини Шенген“ ќе биде променето на регионалниот економски форум во Скопје и дека ќе бидат потпишани три договори, како и дека „брзите ленти“ ќе бидат направени на граничните премини во наредниот период за побрз премин на луѓето од регионот, исто како што има посебни ленти за луѓе од Европската унија на влезот во европските земји.

-Работевме на три документи и верувам дека ќе ги потпишеме во Скопје, тие се важни документи за трговија, дозволи за работа и заемна поддршка во случај на пожари, поплави и други катастрофи, што е во интерес на нашите народи, рече Вучиќ.

Форумот е организиран во рамките на иницијативата „Мини Шенген“, што подразбира подлабока економска интеграција на регионот, за сега три земји: Србија, Албанија и Северна Македонија. Пристапувањето кон иницијативата е отворено и за другите економии од Западен Балкан.

Поврзани новости