Со трубачи и тапани на патот, во тек е свеченото отворање на источниот крак од Коридорот 10 во Србија. На отворањето присуствуваа српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Бугарија Бојко Борисов, кои со вино наздравија за новиот автопат кој ќе ги поврзи двете земји.
По 14 часот, патниците веќе може да го користат новиот автопат со должина од 86,9 километри, преку кој од Ниш до граничниот премин Градина со Бугарија ќе се стига за околу 50 минути.
Ова е последната автопатска делница во должина од 22 километри, која го поврзува источниот коридор од Белград до границата со Бугарија, денска е пуштена во употреба.
По автопатскиот коридор кој поминува низ Србија и ги поврзува земјите од ЕУ со Грција преку Македонија, соседна Србија ја заврши и источната делница значајна за поврзувањето со азискиот дел.
Новиот автопат ја заобиколува Сичевачката клисура, позната по тешки сообраќајни несреќи.
На источниот коридор 10 кон Бугарија се изградени 87 мостови, пет тунели , а се потрошени 780.000 тони асфалт.