Вучиќ го изгушка шарпланинецот Пако: Поубав дочек не можев ни да замислам

by Fokus

Тврдењата дека новинарските прашања се причина за влошеното здравје на  Александар Вучиќ, претседателот на Србија, ги отфрли на прес-конференција и денеска и официјално почна со своите работни обврски во својот кабинет.

Тој дури и на својот инстаграм профил објави слика со шарпланинецот Пако кој му е подарок од српскиот Патријарх Иринеј и напиша ,,Преубав ден и преубав дочек“.

„Никогаш не бегав, никогаш не ги криев темите под тепих, не се криев, и затоа секогаш победував. Би било претерано да кажам дека ги „растурав“ политичките противници, но со тоа што ги расклопував на составни делови нивните лаги, покажав дека сум подготвен, дека бев подготвен и дека секогаш ќе бидам подготвен. И секогаш ќе ги победам“, изјави Вучиќ.

На прашањето што очекува од планот на францускиот претседател Емануел Макрон за реформа на политиката за проширување на ЕУ и дали Србија ќе отвори нови поглавја, Вучиќ наведе дека четири поглавја во преговорите на Србија со ЕУ се подготвени, и дека од ЕУ зависи каква политичка одлука ќе донесе и дали и колку поглавја ќе бидат отворени до крајот на годината.

Поврзани новости