Вучиќ: Државата нема да дозволи насилство

by Fokus

Државата нема да дозволи насилство и ќе реагира многу брзо и ефикасно, порача српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето на ТВ Пинк, откако полицијата ги спречи десничарските активисти собрани пред Претседателството на Србија да влезат во зградата.

„Државата нема да дозволи насилниците и екстремистите, со каква било помош однадвор, од Запад или од Исток, да го загрозат уставниот поредок“, рече Вучиќ.

Истиот ден, како што изјави, имал итна средба со српските безбедносни служби.

„Ја анализиравме состојбата на јавниот ред и мир, работите се целосно под контрола и затоа луѓето треба да бидат мирни“, рече Вучиќ и додаде дека „сите што се заканувале со убиство, тепање луѓе“ ќе одговараат пред надлежните државни органи.

Поврзани новости