Вучиќ: Да дојдеше дронот кај нас ќе го урневме за пет минути

by fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска рече дека Србија не треба да биде дел од НАТО и дека треба самата да го чува сопственото небо. Коментирајќи го дронот со експлозив кој се урна во Загреб, рече дека да било тоа во Србија, дронот ќе бил соборен за пет минути.

-Се надевам и добив уверување од военото раководство дека би ни требале пет минути да го собориме авионот и дека нема да ни се случи како во Загреб, бидејќи денес имаме нешто. Имаме војска, за разлика од пред 15 години. т.е. имаме промена и горд сум на тоа, рече Вучиќ.

Поврзани новости