Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата на HitTwit го покажа часовникот кој го носи на зглобот и објасни дека тоа е подарок од Милош Земун.
На часовникот пишува „11 септември 2019. До Александар Вучиќ, претседател на Чешка Милош Земан“.
– Вредноста на овој часовник е некаде околу 1.000 евра. Тоа е подарок од мојот пријател, чешкиот претседател Милош Земан – рече Вучиќ, одговарајќи на обвинувањата на Слободан Георгиев дека „неговиот часовник вреди 500.000 евра“.
Тој вели дека ќе го купи тој часовник бидејќи според новиот закон тоа ќе биде опција.
– Ќе му го подарам на првото српско дете кое ќе се роди на Косово и Метохија во новата 2024 година – рече тој.
Тој вели дека подарокот за него има сентиментална вредност бидејќи го добил од човек, прв функционер на земја на НАТО, кој се извини за агресијата врз СРЈ.