Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за државната телевизија РТС изјави дека го посетил ОУ „Владислав Рибникар“, но дека не носел камери со себе и нагласил дека нема потреба никому да се извинува. На 3 мај во ова училиште ученикод седмо одделение уби осум свои соученици и чуварот на училиштето, и поврдеи повеќемина.
Вучиќ вели дека се сретнал со директорката на училиштето и се потпишал во Книгата на жалост.
„И денес не ги пуштив камерите. Единствената фотографија што ја гледате е направена со телефон. Секако, тука беше и директорка на училиштето, и неколку луѓе во училиштето. Се потпишав во Книгата на жалост, го посетив местото на злосторството“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека сите лажно го обвинувале дека не се појавил во училиштето.
„Но, немам потреба да се правдам пред некој што мисли дека има монопол на болката и тагата. Ниту да му објаснувам на некого дека сум нормален човек затоа што имам три деца и дека ноќе плачев и се борев за да донесам мерки и да се промени нешто“, изјави Вучиќ.
Тој нагласи дека на секој поединечно му изразил сочувство и дека секој ден дискутира што може да се направи.
За барањето на дел од родителите децата да не одат во училиште, тој вели дека ги разбира родителитено верува оти децата мора да одат на училиште.
“Децата мора да продолжат да живеат. Децата понекогаш полесно го поминуваат тоа од возрасните. За ова одлучуваат експерти, а не јас. Што велат тие, експертите и родителите, ние ќе го направиме”, рече Вучиќ.