541
Премиерот Зоран Заев во рамки на официјалната посета на Бугарија денеска ќе оствари средба со министерката за енергетика Теменушка Петкова. Фокусот на посетата денес ќе биде ставен на економијата.
Заев во Бугарија е придружуван од вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, министрите за надворешни работи Никола Димитров, за транспорт и врски Горан Сугарески и за култура Робeрт Алаѓозовски.
Вчера македонска делегација имаше низа средби со премиерот на Бугарија Бојко Борисов и со претседателот Румен Радев.