689
Во Брисел денеска започна втората рунда преговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ под медијаторство на европратеничката тројка Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит. Исто како и минатиот пат, предвидено е европратениците прво да остварат поединечни средби со претставниците на двете партии, а потоа е закажана и заедничка средба.
Претставници на ВМРО-ДПМНЕ се Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, а на СДСМ Радмила Шеќеринска, Рената Десковска и Виктор Габер.
Има најави дека оваа втора рунда преговори за „помирување“ на двете најголеми македонски партии може да продолжи и утре. И овојпат нема да има изјави после преговорите, туку ќе има само писмена изјава од тројцата европратеници.