Денеска во 17 часот пред Министерството за образование и наука ќе се одржи втор собир на кој средношколците, наставниците, родителите и граѓаните ќе го искажат револтот од лошите реформи во образованието.
На мирниот собир што се одржа вчера пред МОН средношколците ги положија униформите и вреќите со ѓубре во знак на револт што Министерството ги игнорира. Учениците бараат трета средба со надлежните зашто, како што велат, ништо не е решено.
Со извици „Ќе останеме овде се додека не не слушнете“, со свирки за да ги разбудат одговорните кои не сакаат да разговараат за нивните барања, средношколците, нивните родители и наставници ја блокираа улицата.
Нивните барања се вистински реформи на образованието по мерка на младите. Враќање на стариот концепт на матура и мирување на екстерното тестирање.