Втор случај на индиски сој на ковид-19, нема место за паника, вели Филипче

by Fokus 15:59
15:59

Потврден е уште еден случај на индискиот сој на коронавирусот во земјава, се работи за уште еден наш граѓанин кој дојде од Ирак, а се лекувал во една од приватните болници, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на реновираниот Здравствен дом во Битола. Филипче нагласува дека е важно да се вакцинираат граѓаните бидејќи вакцините штитат од тешка форма на болеста и од смрт дури и кога се работи за индиската варијанта на вирусот.

Станува збор за колега на првиот пациент од Ирак кај кого беше регистриран индискиот сој, рече Филипче и додаде дека вториот заболен симптимите ги пројавил подоцна од првиот koj бил регистриран на 7 јуни. Двајцата биле на работа во Ирак, а со истиот авионски лет се вратиле во земјата.

- Advertisements -

-Пациентот не е во ризик. Нема ризик ниту од ширење на болеста, според направените епидемиолошки анкети и нема потреба од дополнителни анкети, рече Филипче.

Министерот вели дека сите вакцини штитат и од индискиот и од другите форми на мутации од смртен исход и од тешки компликации на болеста.

Филипче очекува кон крајот на месецот да пристигнат поголеми количини на вакцини во земјава, 100 илјади фајзерови и 500 илјади на Синовак и во текот на летото да се изврши имунизација на населението до степен на колективен имунитет.

Инаку, според Светската здравствена организација, индискиот сој станува доминантен во светот.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска беше во Битола во посета на Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ кој е реновиран, како што беше посочено, за прв пат после 50 години.

Поврзани новости