Пендаровски од Вартоломеј побара итно решавање на статусот на МПЦ

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Турција, денеска во Истанбул се сретна со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј. На средбата се разговарало за состојбите во православниот свет, улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии, а во таа насока, претседателот Пендаровски ја истакнал важноста на улогата на Вселенскиот Патријарх во поттикнувањето дијалог за сите отворени прашања во православниот свет, соопштија од кабинетот на претседателот.

-На средбата се разговараше за прашањето за решавање на статусот на Македонската Православна Црква – Орхидска Архиепископија и во таа прилика претседателот Пендаровски потенцираше дека Вселенскиот Патријарх има особена улога во надминувањето на црковниот спор. Истовремено претседателот Пендароски повика на што поскоро надминување на спорот, затоа што како што посочи, раната на едно место во православниот свет боли во целиот православен свет, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Истовремено на средбата биле разменети мислења за состојбите во регионот поврзани со актуелните случувања во однос на интеграцијата на земјите во Европската Унија, при што Патријархот Вартоломеј нагласи дека го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ, кое преку исполнување на критериумите би донело подобар живот, зголемена солидарност и толеранција.

-Посакувам за сите балкански земји особено оние кои не се во ЕУ што побрзо да ги завршат процедурите и тоа да се оствари еден ден, порача Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Поврзани новости