Веќе втор ден трае потрагата по прилепчанецот Лазе Ристески (34), кој вчера околу шест часот наутро излегол од дома и повеќе не се вратил. Како што раскажува за ,,Фокус” неговата старателка Мирјана, тој е лице со попреченост, но никогаш во минатото не се случило да побегне од дома.
-Лазе е со нас од пред две години, откако почина мајка му. Никогаш немало нешто вакво, освен вечерта пред да исчезне, на 23-ти март, кога околу 23 часот излегол од прозорецот и се обидел некаде да замине. Тогаш го вративме дома, но вчера рано наутро, повторно побегнал – појаснува старателката.
Настанот бил пријавен во полиција, а блиските на Лазе утрово добиле повик дека тој бил забележан во градот околу 7.30 часот, но сепак не успеале да го најдат на посоченото место.
-Облечен е во црвена блуза, темни тренерки и носи црвен ранец и влечки. Замолуваме доколку некој го забележи, да го задржи и да се јави на мобилниот 077 791 460, тоа е мојот број, или пак да пријави во полиција, апелира старателката Мирјана.
Вики Клинчарова