Помала група граѓани и денеска во 18 часот се собра пред Владата на Република Македонија за да го искаже незадоволдтвото и да побара одговорност и оставки. Демонстрантите бараа оставка од цела Влада, а пред се од министерот за здравство, Никола Тодоров, поради големиот број смтрни случаи во последниот период во македонските болници.
-Повод беа неколкуте смртни случаи во здравствените домови и на улиците. Ова се случува како директна или индиректна последица од неодговорност или нефункционален систем во оваа држава и надлежните не прават ништо за да го променат тоа. Политичките елити кои имаат моќ си прават скриени муабети зад затворени врати на полноќ и не се слуша гласот на обичниот народ. Ние не можеме да направиме ништо друго, освен да се појавиме на протест, каков таков, рече Никола Штерјов од левичарското движење „Солидарност“.
Демонстраните извикуваа „Оставка“, „Убијци“, „Нема правда, нема мир“, „Никола оди си“ и ги повикаа сите граѓани да излезат на протест во што поголем број.