Денешниот протест од Шарената револуција беше во знакот на Денот на Власите, но и на стандардните барања: целосно укинување на аболицијата и оставка на претседателот кој ја донесе. На чело на колоната демонстранти беше трансарент на кој на македонски и на влашки јазик пишуваше „Не за криминалците! Не за аболицијата“.
Откако се собраа пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, незадоволните граѓани отидоа пред Владата. Носеа и кафез во кој беа затворени кукли со ликовите на фукнционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се сомничат од страна на Специјалното јавно обвинителство. Фасадата на Владата беше обоена со импровизираниот катапулт.
Од Владата, демонстрантите се упатија кон Собранието. И фасадата на Собранието беше повторно обоена, а за прв пат со катапултот ракуваше и една девојка.
ФОТО: НОВА ТВ ВЕБ