Неготино има голем проблем со водата, граѓаните прават резерви

by Фокус 09:25
09:25

Стандардно, по секој дожд, водата за пиење во Неготино која што тече од чешмите во домовите на граѓаните е заматена и со специфичен мирис. Сепак, и покрај тоа што веќе два дена од чешмите на неготинчани тече жолтеникава смрдлива вода, никој официјално нема доставено известување дека има забрана за нејзино пиење.

Поради загадената вода, стомачните вируси се доста чести во Тиквешијата, а граѓаните очигледно, сами треба да си проценат дали водата може да се пие или не.

Проблемите со водоснабдувањето во Неготино се проблем кој што се ,,влече,, веќе околу две децении. Градоначалникот Ванчо Апостолов лани најави дека во тек е реконструкција на старата водоводна мрежа, се врши промена на водомерите и се градат нови базени. Сепак, иако рестрикциите на вода кои што до лани се случуваше да траат и по околу 20 часа во тек на едно деноноќие, сеуште не се искоренети. Повторно, без никаква најава до граѓаните се сопира водата за пиење одвреме – навреме, а нечистата вода по врнежите е дополнителен проблем за неготинчани.

- Advertising -