401
Одлуките за притворите на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски и уште десетина осомничени за „крвавиот четврток“, најверојатно ќе бидат објавени утре, најавува претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски за 24 вести.
-Судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да очекувате да има брза одлука. Предметот е во судот помалку време отколку што беше во Обвинителството. Одлука најверојатно ќе има утре – вели тој.