452
Владејачкиот СДСМ денес ќе оддржи седница на Централниот одбор, на кој на дневен ред се финансискиот извештај за минатата година, додека под точка број два ќе се расправа за „тековни прашања“.
Во рамки на втората точка се очекува партискиот лидер Зоран Заев да ги информира членовите на ЦО за најавената владина реконструкција, за динамиката во спорот за името и за други актуелни политички прашања.