679
Врховниот суд ги поништи пресудите за поранешниот премиер Владо Бучковски и ексначалникот на Генералштабот на АРМ Методи Стамболиски, кои беа донесени од Основниот суд Скопје 1 и на Апелациониот суд.
Пресудите се поништени и за неколкутемина вработени во Министерството за одбрана и директорот на „МЗТ ФОП“, а предметот за набавката на тенковски делови ќе биде вратен на ново судење во Основниот суд.
Според обвинението, Бучковски и Стамболиски се товарат за злоупотреба на функциите и дека со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови направиле штета од околу 2,5 милиони евра.