Владата скрати од парите наменети за болните од ретки болести

by fokus

Владата ги намали средствата кои беа предвидени за Програмата за лекување ретки болести за 2016 година за 797.000 евра. Со одлука на Влада од 20 септември изменета е Програмата и наместо 3,3 милиони евра, сега предвидени се 2,5 милиони евра.

Оваа одлука е потпишана од вицепремиерот Владимир Пешевски, со што е измената претходната одлука која ја потпишал од поранешниот вицепремиер и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Намалувањето се однесува на оној дел од средствата кои треба да се обезбедат од Буџетот на Република Македонија.

Поврзани новости