404
Врховниот суд на САД денеска донесе одлука со која дава дозвола во голема мерка Трамп да ја спроведе 90-дневната забрана за влез во САД на патници од шест претежно муслимански земји. Со ова се поништија наредбите од понискиот суд што ја блокираа забраната.
Судот оставил заштитена една категорија странци, оние „со веродостојно барање за реален однос со лице или ентитет во САД”, рече судот во непотпишано мислење. Судиите ќе слушнат аргументи за случајот во октомври.
Трамп минатата недела рече дека забраната ќе стапи на сила 72 часа откако ќе има дозвола од судот. Забраната ќе важи за граѓаните на Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.