Груевски: Сакаме што побрзо да ја видиме Македонија во ЕУ и НАТО

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, придружуван од Никола Тодоров и Антонијо Милошоски денеска се сретнаа со Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски истакна дека активностите кои се однесуваат на интеграциските процеси треба да се исполнат и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите реформи за кои ќе цени дека се од интерес за граѓаните. Тој посочи дека главна цел на Владата на СДС не треба да биде само добивање на позитивен извештај, какви Македонија имаше пред политичката криза, туку позитивна препорака за почеток на преговори за членство во Европската Унија – се наведува во партиското соопштение.

Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ја види државата што поскоро како членка на Европската Унија и НАТО, што и впрочем и го заслужи, нешто што беше констатирано на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-та година, како и во 2009-та година од страна на ЕУ.

Доколку тогаш државата станеше членка на НАТО и започнеше разговори со Европската Унија многу од предизвиците со кои се соочи, немаше да се случат, додаде Груевски“ – се наведува понатаму во соопштението на партијата.

Поврзани новости