Врховен се жали од СЈО, ама не кажува за што!?

by fokus

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски предмалку преку соопштение се пожали дека СЈО не им одговорило на доставено барање, кое го поднеле на 6-ти овој месец, или пред четири дена, но не открива што точно побарале од СЈО.

Иако соопштението е насловено како информација за јавноста, сепак од судот не ја информираат јавноста, односно не прецизираат што точно побарале од СЈО, туку само реагираат на нивната наводна нежурност.

-Поради итниот карактер на доставеното барање, Шефот на Кабинетот на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија оствари неколку телефонски разговори со Шефот на Кабинетот на Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од каде сеуште нема одговор по поднесеното барање. Врховниот суд на Република Македонија ја известува јавноста дека обвинителството очигледно одбива да постапува по барањето на Врховниот суд на Република Македонија, со што влијае на пролонгирање на итна постапка која се води пред Врховниот суд на Република Македонија, се вели во соопштението на судот.
Од Врховниот суд на прашањата за што точно се однесува нивното барање, упатуваат одговорот да го бараме во СЈО.

Поврзани новости