Времето денеска: Сончево, но ветровито

by Fokus

По студеното утро, во текот на денот нè очекува релативно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -7 до 3 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 3 до 14 степени.

ВрЕмето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен ветар од северен правец. Температурата во Скопскиот регион денеска ќе се движи од -2 до 12 степени.

Слично време УХМР најавува и за утре.

Поврзани новости