Времето денеска променливо со повремени врнежи од снег

by fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне во југозападните делови ќе има повремени врнежи, кои во утринските часови ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во петок ќе има преодно стабилизирање со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нула. За време на викендот и во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремнени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Поврзани новости